Синоќа во 21 часот во СВР Охрид, било пријавено дека на ул.„Кеј Македонија“ во Охрид, мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од 15-годишник од Охрид, удрил во двајца малолетни пешаци и во 18-годишната М.И. од Скопје, а потоа удрил во паркирано патничко возило „киа“ со охридски регистарски ознаки, по што го напуштил местото на настанот. По преземени мерки од страна на полициски службеници, 15-годишникот е пронајден. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила една малолетничка од Охрид, а со телесни повреди се здобиле другиот малолетник од Скопје, М.И., како и мотоциклистот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.
Вчера околу 12:50 часот во ОВР Дебар било пријавено дека на ул.„Иса Болетин“ во Дебар се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“ со дебарски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(38) од с.Горно Косоврасти, дебарско, и мопед со дебарски регистарски ознаки, управуван од Д.Т.(19) од Дебар. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавната здравствена установа Дебар. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Дебар.