сабота, 21 февруари 2026

Мотоциклист тешко повреден во сообраќајка во Скопје

Завчера во 16:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Партизански Одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која учествувале три возила.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата биле инволвирани патничко возило пежо со скопски регистарски ознаки, управувано од З.П.А.О. (55) од Скопје, патничко возило бмв со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од А.Ј. (20) од Крива Паланка, како и мотоцикл сузуки со скопски регистарски ознаки, управуван од А.К. (34) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, кои биле констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ