Според информациите од СВР Струмица, во несреќата учествувале патничко возило БМВ со струмички регистарски ознаки, управувано од 36-годишниот К.Г. од Струмица, и мотоцикл, исто така со струмички регистарски ознаки, управуван од 51-годишниот Т.Н., исто така од Струмица.
Мотоциклистот се здобил со тешки повреди кои биле констатирани во Медицинскиот центар Струмица, каде му била укажана лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Струмица, која работи на целосно расветлување на случајот.