Според пријавеното во СВР Скопје, мотоциклистот управувал мотоцикл кавасаки со скопски регистарски ознаки, кога удрил во домашно животно. Од ударот тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а се работи на целосно расчистување на случајот.






