Во несреќата на местото на настанот починал мотоциклистот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Со телесни повреди се здобиле возачот Б.Г. и неговата сопатничка М.Ј.Г.(42) од Скопје, констатирани во Општата болница Дебар. Извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Дебар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Мотоциклист починал во сообраќајка на патот Дебар – Струга
На 04.05.2025 во 14:30 часот во Полициската станица Дебар е пријавено дека на регионалниот пат Дебар-Струга, во близина на село Отишани, дебарско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „дукати“ со кичевски регистарски ознаки, управуван од Б.Р.(33) од Кичево и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(43) од Скопје.

Објавено на
часот