сабота, 7 март 2026

Мотоцикл удри во 76-годишна жена во Струмица, возачот побегнал

На 6 март 2026 година во 17:40 часот во Сектор за внатрешни работи Струмица било пријавено дека на улицата „Младинска“ во Струмица мотоцикл удрил во 76-годишната А.Н. од Скопје, по што возачот го напуштил местото на настанот.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата, жената се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Медицински центар Струмица.

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Струмица. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ