Според пријавеното, А.Д. (54) од село Лисичани, општина Пласница, управувајќи мопед, изгубил контрола и паднал на коловозот. Повредениот бил пренесен во Општата болница во Кичево, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата увид извршила екипа од полициската станица, Македонски Брод, а се работи на утврдување на причините за незгодата.