среда, 24 декември 2025

Момче на скии удри во моторна санка, повредени и момчето и возачот на санката

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 16.20 часот во СВР Тетово било пријавено дека на скијачките патеки на Попова Шапка, малолетник од Косово додека скијал, удрил во моторна санка што ја управувал А.Н.(32) од тетовско, вработен во фирмата што стопанисува со скијачкиот центар. Притоа, двете лица се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, изјави за МКД.мк Марјан Јосифовски, задолжен за односи со јавноста во СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ