понеделник, 8 декември 2025

Мигрантка од Кина загина во сообраќајка на патот Валандово – Дојран, седуммина повредени

Една мигрантка од Кина загина, а седуммина се повредени откако утрово околу 04:20 часот на патот Валандово – Дојран камион со српски регистарски ознаки излетал од коловозорт и се превртел.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од СВР Струмица, во несреќата од здобиени повреди починала мигрантка од Кина, смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош, а телото на почината било предадено на обукција.

„Со повреди се здобиле уште седум лица-мигранти од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката. Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош. Увид на местото на несреќата, во присуство на јавен обвинител“, изврши екипа од ОВР Гевгелија, се наведува во полициското соопштение.

Инаку, од ТППЕ Струмица денеска објавија дека во 08:00 часот, на патот Валандово-Дојран, ТППЕ Струмица со едно противпожарно возило и тим од пожарникари-спасители заедно со тим на пожарникари-спасители од ТППЕ Гевгелија учествувале во извлекување на лица од излетано и превртено товарно моторно возило.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ