вторник, 23 декември 2025

Маж заврши во притвор откако предизвикал пожар во домот на роднина

Објавено на

часот

Сподели

Денеска судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово на З.О. (45) од тетовско Теново му определил притвор во траење од 30 дена поради основано сомнение дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност” казниво по член 288 став 1 од Кривичниот законик, по што е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор “Скопје” во Скопје, информира СВР Тетово.

Од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија информираа дека ОЈО Тетово донело наредба за спроведување на истражна постапка против 45-годишниот жител на Теново кој се сомничи за тешки дела против општата сигурност.

Осомничениот претходно во неколку наврати телефонски се заканувал на семејство во селото, а на 25 февруари со пожар предизвикал значителна опасност по животот и телото на луѓето. Тој со бекатонска плочка го скршил прозорецот од приземјето на куќата на оштетените, влегол внатре и запалил еден тросед, по што ја напуштил куќата. Во моментот во домот бил ќерката на сопственикот и уште една другарка. Тие го забележале чадот и се качиле на поткровјето на куќата. Тогаш дошле други соседи кои со скали успеале да ги симнат двете девојки.

Од пожарот на куќата била причинета значителна материјална штета, се наведува во соопштението од Јавното обвинителство на Северна Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ