понеделник, 8 декември 2025

Маж тешко се повредил при пад од електричен велосипед

Во СВР Велес вчера во 9:55 часот  било пријавено дека на ул.„Раштански пат“ во Велес , 28 годишниот Ј.Д. од Башино Село, велешко, управувајќи електричен велосипед, изгубил контрола и паднал на патот. Во несреќата Ј.Д  се здобил со тешки телесни повреди, а  констатирани во Ургентен центар при ЈЗУ Општа болница Велес, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Објавено на

часот

Сподели

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира од ЈЗУ Општа болница Велес  портпаролот д-р Ванчо Граматов по укажаната лекарска помош и направените ренген снимања кај повредениот била констатирана тешка телесна повреда, скршеница на лево рамо.

На пациентот  му била направена опсервација и потоа бил испратен на понатамошно лекување во  Клиниката за ортопедија во Скопје. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ