понеделник, 8 декември 2025

Маж со шприц насилно се обидел на сопругата да ѝ стави непозната течност

Лишен е од слобода маж од Струмичко, кој на сопругата ѝ нанел повреди со остар предмет, а се обидел и со шприц насилно да ѝ стави непозната течност во устата, соопшти полицијата.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во струмичко село полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на селото. Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет ѝ нанел повреди по телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да ѝ стави непозната течност во устата.

Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, по чии насоки се преземаат мерки за целосно документирање на случајот, по што против лицето ќе биде поднесена кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ