понеделник, 15 декември 2025

Маж се удавил во водите на Охридското Езеро

Маж од селото Волино, општина Дебарца вчера се удавил во водите на Охридското Езеро во близина на Струга, соопшти денеска СВР Охрид.

Објавено на

часот

Сподели

Според информацијата, во 16 часот и 30 минути, во ОВР Струга било пријавено дека, во водите на Охридското Езеро на струшкото крајбрежје, било забележано безживотно машко тело.

„По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за K.И.(49) од селото Волино, општина Дебрца кај кого, екипа од Итната медицинска помош, констатирала смрт без траги на насилство“, изјави портпаролот Стефан Димоски.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ