недела, 5 април 2026

Маж од Кичево е лишен од слобода откако управувал возило и покрај активна забрана

Маж од Кичево е лишен од слобода откако управувал возило и покрај активна забрана и удрил во малолетно лице, соопшти денеска МВР.

Објавено на

часот

Сподели

Според информациите од полицијата, синоќа во 20:40 часот на булеварот „Ослободување“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го привеле А.Б. од Кичево, кој со патничко возило „Опел Вектра“ со кичевски регистарски ознаки удрил во десетгодишно дете.

По преземени мерки, утврдено е дека А.Б. го управувал возилото иако има активна заштитна мерка забрана за управување со моторно возило од Б- категорија.

По насоки на јавен обвинител, возилото му е одземено и по документирање на случајот, ќе му биде поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ