недела, 14 декември 2025

Маж најден изгорен во пожар во Гази Баба

Опожарено тело на машко лице е најдено по пожарот кој избил во круг на фабрика на подрачјето на Гази Баба, соопшти полицијата. Вчера во 21:29 часот во СВР Скопје е пријавено дека во круг на фабрика на подрачјето на Гази Баба во Скопје настанал пожар во два магацина, сопственост на М.Р.(46), кои ги изнајмил на други лица.

Објавено на

часот

Сподели

Екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Денеска (14.12.2025), за време на вршење на увидот, во еден од објектите, кој под наем го користел М.А. од Скопје, пронајдено е опожарено тело на машко лице.

Полицијата не го соопшти идентитетот на починатиот и како настанала трагедијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ