петок, 20 март 2026

Маж ја вознемирувал жената иако имал судска забрана за доближување

Жител на неготинско село бил приведен, по пријава дека не почитувал судска наредба за приближување на сопругата, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 17:35 часот, полициски службеници од ОВР – Неготино го лишиле од слобода В.Ј., на возраст од 32 години од неготинско село, по претходна пријава од неговата сопруга, со која бил во бракоразводна постапка. На В.Ј. претходно му било издадено решение од Основен суд – Неготино, со забрана да ја вознемирува и да контактира со сопругата и забрана за приближување од 100 метри до домот, но, тој не го почитувал решението и се заканувал и физички ја нападнал“, појаснуваат од СВР – Велес.

Известен бил јавен обвинител, а од СВР – Велес потенцираат дека по документирање на настанот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ