понеделник, 8 декември 2025

Маж и жена го претепале таткото на сопругот

Во Неготино бил приведен брачен пар, обвинет за физички напад врз таткото на сопругот, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Синоќа во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино ги лишија од слобода 42-годишен неготинец и неговата 36-годишна сопруга, постапувајќи по претходна пријава, дека во семејниот дом физички го нападнале нивниот 71-годишен татко, односно свекор“, појаснија оттаму.

Тие биле задржани во полициска станица, известен бил јавен обвинител. По документирање на настанот, како што истакнаа, против брачниот пар ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ