понеделник, 15 декември 2025

Маж и дете тешко повредени во сообраќајка кај Зелениково

Во сообраќајна несреќа што се случила на 24 јули 2025 година околу 17.40 часот на локалниот пат меѓу селата Зелениково и Страхојадица, тешко се повредени возач на четирицикл и негов сопатник – две и полгодишно дете.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, до несреќата дошло при судир помеѓу патничко возило марка сеат со скопски регистарски таблички, управувано од 56-годишниот М.Т. од село Дејковец, и четирицикл управуван од 28-годишниот С.М. од село Страхојадица, општина Зелениково.

Во сударот, тешки телесни повреди здобиле возачот на четирициклот и малолетното дете кое било со него во моментот на несреќата. Повредените се пренесени и им е укажана медицинска помош во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје, а причините за несреќата се предмет на истрага.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ