петок, 2 јануари 2026

Марихуана, семе, дробилка и стари монети најдени во еден дом во Пехчево

Објавено на

часот

Сподели

Полициски службеници од ОВР Берово го лишиле од слобода С.А.(38) од Пехчево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе исушени листови од растението канабис, дробилка, повеќе семки од растението канабис и повеќе стари монети со различна форма и големина, соопшти МВР.

Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ