Полицијата, по претходно добиени оперативни сознанија, го сопрела возилото „дачија сандеро“ со беровски регистарски ознаки, сопственост на ЈЗУ „Здравствен дом“- Берово, а управувано од Б.Р. и при преглед кај него е пронајдена дрогата.
Известен е јавен обвинител од ОЈО Кочани, кој дал насоки тој да биде лишен од слобода. По документирање на случајот, против Б.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.






