вторник, 17 март 2026

Марихуана и кокаин во Гостивар и Тетово

Вчера на улицата „Живко Брајковски” во Гостивар, полициски службеници на ОВР Гостивар го лишија од слобода Џ.Ш. (24) од Турција, кој се движел со патничко моторно возило „голф” со скопски регистерски ознаки, затоа што во возилото била пронајдена и одземена марихуана.

Објавено на

часот

Сподели

По добиена судска наредба, извршен е и претрес во дом и помошни простории во Гостивар, каде тој престојувал, и при претресот биле пронајдени и одземени марихуана и кокаин. По документирање на случајот, против Џ.Ш. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

МВР соопштува и за пронајден кокаин во тетовско, при што биле лишени од слобода две лица од Брвеница.

Кај клучката Брвеница, полицајци од Тетово ги лишија од слобода И.С. (23) и Н.С. (28), двајцата од Брвеница. При преглед на патничко возило „бмв” со тетовски регистерски ознаки, кое го управувал И.С., а сопатник бил Н.С., пронајдени се околу 100 грама кокаин, дигитална вага и пари. Лицата се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ