сабота, 28 февруари 2026

Марихуана, хероин и оружје запленети во Тетово, Скопје, Охрид и Битола

Повеќе лица се лишени од слобода во координирани полициски акции во последните 24 часа. Запленета е дрога, оружје и муниција. Полицијата поднесени кривични пријави против повеќемина осомничени од Тетово, Скопје, Охрид и Битола поради поседување и трговија со наркотични дроги и оружје.

Објавено на

часот

Сподели

Вчеравечер, на локален пат во село Слатино, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.Ј. од истото село. При контрола на патничко возило „голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое го управувал, при извршен површен преглед кај него и во возилото била пронајдена марихуана.

Во текот на 27 и 28 февруари 2026 година, на повеќе локации во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.К., С.Ј.  и Н.М., сите од Скопје. Кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, пиштол и 13 куршуми. По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Кривична пријава е поднесена и од СВР Охрид против 33 годишниот скопјанец Б.А., поради сомнение за сторено кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори. Според информациите, тој набавувал марихуана и семки од канабис, ги препакувал во помали пакувања и ги продавал со цел стекнување противправна имотна корист. При преглед на неговото возило биле пронајдени 27 семки канабис, а при претрес во негов апартман во Охрид, извршен по судска наредба, била пронајдена и марихуана.

Исто така, СВР Битола поднела кривична пријава против Г.Н. за истото кривично дело. При претрес во неговиот дом на 12 февруари 2026 година биле пронајдени и одземени хероин и марихуана.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека активностите за сузбивање на недозволената трговија со дрога продолжуваат и во наредниот период.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ