недела, 25 јануари 2026

Малолетник удрил во пешак, кој е во животозагрозувачка состојба

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен центар во Скопје, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во скопското село Долно Коњари, во која патничко возило со скопски регистарски ознаки, управувано од малолетник, удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и пешакот И.Ф.. Од незгодата, со повреди се здобил пешакот, кој е пренесен во Ургентен центар ‘Мајка Тереза’, каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животозагрозувачка состојба“, појаснија од МВР.

Како што додадоа, известен бил дежурен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ