Несреќата била пријавена на 30 јули 2025 година, во 21.05 часот, кога патничко возило од марката даихатсу со скопски регистарски ознаки, управувано од 69-годишниот С.Г. од Скопје, удрило во малолетен пешак.
Повреденото дете било пренесено во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
На местото на несреќата извршен бил увид од страна на увидна екипа од СВР Охрид, а се работи на целосно расчистување на случајот.






