Според пријавеното, на 7 април, околу 22 часот на спортско игралиште во близина на спортската сала во Куманово, тој се сретнал со М.Ѓ.(23) од Куманово наводно за да расчистат претходно недоразбирање, а биле присутни уште неколку други лица. Како што е пријавено, М.Ѓ. притоа извадил пиштол и нож, по што бил физички нападнат од малолетникот и бил пренесен во болницата во Куманово за укажување помош. По целосно расчистување на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Малолетник од Куманово приведен за физички напад
Утринава, во 7:40 часот полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 16-годишник од Куманово.

ТОП ВЕСТИ





