Завчера попладне, 71 годишната А.А. од село Нераште пријавила дека во училиште во селото нејзиниот малолетен внук бил физички нападнат од друг малолетник. Надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.
Во вториот случај, вчера вечер, Ј.Б. од село Палатица пријавил дека бил физички нападнат од М.И. и Ј.С., двајцата од истото село. Според пријавата, подоцна тој повторно бил нападнат од Ј.С. и Р.С.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за утврдување на сите околности поврзани со двата настани.






