„Рано изутрина во 00:05 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР – Неготино лишиле од слобода двајца малолетници на возраст од 17 и 16 години од овој град. Кога ги забележале полициските службеници, двајцата малолетници проголтале бела грутчеста материја, што подоцна ја исфрлиле од устата и им била одземена“, информираа од СВР – Велес.
Тие биле приведени во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор во присуство на нивните родители, адвокат за малолетници и претставник од Центар за социјални работи – Неготино.
„Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава“, додадоа од СВР – Велес.






