среда, 24 декември 2025

Малолетничка запознала момче на Фејсбук, на средба тој дошол со пријател и сексуално ја злоставувале

Објавено на

часот

Сподели

Оштетената 15-годишна девојка преку социјална мрежа се запознала со едниот осомничен, информираа од Обвинителство, и додаваат дека се работи за 18-годишен жител на селото Рашче, Општина Сарај со кого се договорила да се сретнат во Тетово.

На закажаната средба на 29 јануари, 18-годишникот пристигнал заедно со вториот осомничен, 54-годишен жител на Арачиново. Злоупотребувајќи ја немоќта на оштетената, која била неспособна за отпор, осомничените во периодот од 10 до 16 часот на критичниот ден, на повеќе локации вршеле полови дејствија со неа. Осомничениот 54-годишник е лишен од слобода, додека по другиот осомничен се трага, инфомираат од тетовското обвинителство.

Јавниот обвинител, по донесената наредба за истрага, до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

Судијата го прифати предлогот и за двајцата осомничени определи притвор во траење од 30 дена, со тоа што за осомничениот кој што е во бегство мерката ќе започне да се применува од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ