Како што соопштија од МВР, настанот се случил во домот на 44-годишниот Ф.А. од крушевското село Јакреново.
Окако било пријавено дека на социјална мрежа е објавено видое на кое се гледа како 15-годишно девојче вперува огнено оружје кон главата на својот 11-годишен брат, вчера во 13 часот полициски службеници од Одделението за внатрешни работи (ОВР) Крушево отишле во домот на Ф.А.(44) во Јакреново и одзеле ловечка пушка, ременик и дозвола за поседување оружје.
„По преземени мерки беше утврдено дека настанот се случил во неговиот дом и беа направени консултации со јавен обвинител, оружјето е одземено и по целосно документирање на случајот против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава“, се вели во соопштението од МВР.






