Вчера попладне, во СВР Куманово била пријавена сообраќајна несреќа која се случила на улица „Христијан Тодоровски Карпош“ во Куманово. Товарно возило „фолксваген транспортер“, управувано од кумановецот Љ.Д., удрило во 14-годишно девојче од Куманово. Малолетничката се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Општа болница Куманово. По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово.
Истиот ден, нешто пред пладне, во СВР Скопје е пријавена несреќа во која 84-годишната патничка Е.Д. паднала во градски автобус на крстосницата од улиците Васил Ѓоргов и Франклин Рузвелт. Патничката се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.






