понеделник, 6 април 2026

Македонски државјанин приведен во Србија за шверц на електорнски цигари

Припадници на МВР на Србија по наредба на Основното јавно обвинителство во Врање, привеле жител на Македонија, бидејќи во неговото возило пронашле електронски цигари „вејп“ без придружни дозволи, во вредност од 1,3 милиони динари.

Објавено на

часот

Сподели

Лицето е осомничено за сторено кривично дело – нелегална продажба на акцизни стоки, соопшти МВР на Србија.

Во Прешево, полициски службеници пронашле вкупно 1.303 парчиња електронски цигари „вејп“ од различни марки во багажниот простор на патничкото моторно возило, управувано од осомничениот Х.К. (31), кое го превезувал без придружни дозволи и одобренија издадени од надлежните органи на Србија.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ