среда, 18 март 2026

Македонски државјани приведени на аеродромот во Тирана, не пријавиле вишок пари

Двајца македонски државјани се приведени на меѓународниот аеродром во Тирана, кај кои биле откриени евра и денари, кои не ги пријавиле.

Објавено на

часот

Сподели

Од македонските државјани, кои требало да патуваат за Норвешка, биле откриени и запленети 22.805 евра, 2.600 македонски денари.

Според полициското соопштение кај лицето А.Ј. (33) биле пронајдени 11.800 евра и 2.600 македонски денари, додека кај Б.И. (43) 11.005 евра, кои не ги пријавиле.

Процедуралните материјали се предадени до Обвинителството во Тирана за понатамошно постапување.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ