Во кусата информација од дневниот билтен на косовското Министерство за внатрешни работи се вели дека несреќата во која настрадала жената се случила на 3 јануари на националниот пат Приштина – Урошевац.
По налог на надлежен обвинител, телото на покојната жена, за чиј идентитет нема податоци, е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција.






