„Според пријавата, осомничениот во периодот од средината на март 2021, па сè до 20.03.2022 во Гостивар, во угостителски објект со кој управувал, со употреба на сила и закана, како и со злоупотреба на својата положба, подолг временски период подведувал на вршење проституција повеќе женски лица, наши и државјанки на Русија, Украина, Србија, за одреден паричен надоместок. Жртвите биле и трудово експлоатирани, со што осомничениот се стекнал со противправна материјална корист. Експлоатацијата по пат на проституција се вршела во самиот угостителски објект на подрачјето на Гостивар, како и на други локации и објекти во Гостивар и Тетово”, велат од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Одделот за сузбивање организиран криминал извршил и претрес во локалот во Гостивар каде што бил затекнат осомничениот со една наша и три државјанки на Србија, како и шестмина гости.
Претходно МВР соопшти дека девојките биле и трудово експлоатирани, со што стекнал за себе противправна материјална корист. Експлоатацијата по пат на проституција се вршела во самиот угостителски објект на подрачјето на Гостивар, како и на други локации и објекти во Гостивар и Тетово.






