недела, 7 декември 2025

Македонец на 38-годишна возраст е починатиот кој беше најден во Љубљана

Пронајденото безживотно тело кое во петокот беше пријавено во полицијата на Љубљана е на 38-годишен државјанин на Македонија, потврди портпаролката на полициската управа во Љубљана, Шпела Шкопорц. Според првичните неофоцијални информации, тој бил претепан до смрт.

Објавено на

часот

Сподели

„Полициските службеници извршиле увид на местото на настанот, наредена е судска обдукција, но причината за смртта сè уште не е разјаснета. Интензивната кривична истрага сè уште е во тек. Надлежното државно обвинителство ќе биде известено за сите наоди“, изјави нивната портпаролка. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ