„Вчера во 17 часот, полициски службеници од ОВР Дебар ја лишиле од слобода 62-годишната Т.В. од Дебар затоа што околу 15:30 часот при расправија во семејниот дом со остар предмет замавнала и му нанела повреда на нејзиниот 31-годишен син“, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи- Охрид.
Според него, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.






