Преставиници од Центар за социјални работи Гостивар ја затекнале М.С. која викала и го малтретирала нејзиниот 4-годишен син. По консултација со јавен обвинител, со возило од Итна медицинска помош, таа била префрлена во Медицинскиот центар во Гостивар за укажување на лекарска помош, додека социјалните работници малолетното дете го однеле во Ургентниот центар во Гостивар, каде биле констатирани телесни повреди.
Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.