недела, 15 март 2026

Мајка и ќерка од Кочани завршија во болница по пожар во куќата

Во ОВР Кочани, вчера во 12:00 часот, е пријавено дека во Кочани настанал пожар во куќа, сопственост на А.М.(50) од Кочани, информира СВР Штип.

Архивска фотографија

Објавено на

часот

Сподели

При гасењето на огнот, 43-годишната О.С. вдишала чад и се здобила со изгореница на раката, додека нејзината 17-годишна ќерка вдишала чад, по што двете биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат.

Извршен е увид на местото на настанот, велат од СВР Штип. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ