петок, 3 април 2026

Ловџија од пробиштипско се повредил додека го чистел оружјето

Вчера попладне во полициската станица (ПС) Пробиштип од Итната медицинска помош известиле дека кај нив е пријавено дека  во семејниот дом, В.Н. го пронашол својот син М.Н. од Добрево, пробиштипско, со прострелна рана.

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

„Извршен е увид и службени разговори со таткото и братот на повредениот, по чие кажување М.Н. истиот ден на мeсто викано Чукар, атар на село Марчино, пробиштипско, самиот си нанел прострелна рана со ловечка пушка, додека го чистел оружјето. М.Н. е пренесен во Комплекс клиники Мајка Тереза во Скопје за понатамошно лекување. Од лице место е подигната ловечка пушка и патрони. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип и се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираа од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ