Според пријавата, во текот на 2023 година И.З., во својство на службено лице – матичар, извршил упис на брак во книгата на венчани за таа година, помеѓу лице од Албанија и лице од Унгарија, иако таков брак воопшто не постоел.
При извршениот увид во книгата на пописни акти за 2023 година било утврдено дека воопшто не е заведено барање за издавање извод од матична книга на венчани помеѓу двете наведени лица, со што било потврдено дека се работи за лажен упис.






