четврток, 5 март 2026

Лишени од слобода штипјанец и виничанец за семејно насилство

Секторот за внатрешни работи (СВР)-Штип бележи два случаи на семејно насилство во Штип и Виница.

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во 22:20 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 38-годишниот С.Д. од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека околу 16 ч. во семејниот дом физички ја нападнал неговата 34-годишна сопруга, при што ѝ нанел повреди констатирани во Клиничка болница Штип. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Вториот случај е во виничко село.

„На 4 март во 00:30 часот во виничко село, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода 59-годишниот Б.Т. од Виница, постапувајќи по претходна пријава дека околу 17:00 часот на 3 март агресивно се однесувал и заканувал на неговата 65-годишна партнерка во нејзниот дом во селото“, соопштуваат од СВР-Штип.

Запознаен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ