сабота, 12 јули 2025

Лишени од слобода двајца пијани возачи во Тетово и Желино

Вчера во 22:50 часот на регионалниот пат Желино – село Сиричино, полициски службеници од Полициска станица за безбедносен сообраќај Тетово го лишиле од слобода М.Л. (55) од Ресен, кој управувал патничко возило Рено со ресенски регистерски таблици, под дејство на алкохол. Кај него биле измерени 1.68 промили алкохол во крвта.

Објавено на

часот

Сподели

Истиот ден, на 01 јуни 2025 година во 00:40 часот, на улица Борис Кидрич во Тетово, бил лишен од слобода и В.Б. (26) од Тетово, кој управувал патничко возило ауди со тетовски регистерски таблици, со измерени 1.79 промили алкохол во крвта.

Двајцата биле задржани во полициска станица, и по целосно документирање на случајот, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци согласно член 297-а од Кривичниот законик за безобзирно управување со возило.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ