сабота, 13 декември 2025

Лишени од слобода четири лица од Боговиње по физички напад на автопатот Гостивар – Тетово

Денес во 02:00 часот, во СВР Тетово од слобода се лишени Б.Ш. (24), И.И. (28), А.И. (27) и Ф.И. (24), сите од село Боговиње, тетовско.

Објавено на

часот

Сподели

Претходно, околу 01:00 часот на автопатот Гостивар – Тетово, во близина на клучка Камењане, А.А. (28) од село Пирок се движел со патничко возило бмв со швајцарски национални ознаки, во кое како совозач бил Р.Ј. (28) од село Пирок, тетовско. Позади нив се движело патничко возило пасат со тетовски регистерски ознаки, управувано од И.И. од село Боговиње, кој им пуштил светлосни ротации, ги престигнал и им го пресекол патот.

Од возилото излегле приведените лица, кои физички ги нападнале А.А. и Р.Ј.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ