понеделник, 1 септември 2025

Лишен од слобода возачот кој вчера удри пешак во центарот на Скопје

Вчера во 11 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улица Филип Втори Македонски во Скопје, патничко возило пежо 207 со скопски регистарски ознаки, управувано од П.А. удрило во пешакот К.К. од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница Св.Наум Охридски.

Објавено на

часот

Сподели

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а П.А. е лишен од слобода и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ