Како што информира попладнево од СВР Велес портпаролот Биљана Ѓаковска, тој бил спроведен и задржан во Полициска станица Велес, а за настанот бил известен јавен обвинител. Вчера А.П. бил спроведен во Основен суд Велес, каде од надлежен судија му била одредена мерка притвор во траење од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено поправна установа – Затвор Скопје.
Според Основно јавно обвинителство Велес, против А.П. во велешки Основен суд се води судска постапка по поднесен обвинителен предлог за две кривични дела загрозување на сигурноста на сопруга и дете од претходен брак, како и за напад врз службено лице при вршење на работи од безбедност што се случиле на 21 август годинава во велешко село.






