понеделник, 8 декември 2025

Лишен од слобода неготинец, полицијата му одзела марихуана

Полицијата уапсила неготинец, кај кој била пронајдена и одземена марихуана, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.

Објавено на

часот

Сподели

„Вчера во 15:55 часот, во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Т.Ѓ. од овој град, затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка и ризли. Тој бил приведен во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок“, соопштија од СВР Велес.

Оттаму додадоа дека синоќа во 22 часот, на локален пат село Курија-Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле А.Д. од овој град, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ