среда, 23 јули 2025

„Летал“ со 197 километри на час

Синоќа во 18:10 часот, на автопатот А1 Демир Капија – Миравци, во близина на првиот тунел, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода 29 годишниот С.Р. од Битола.

Објавено на

часот

Сподели

При радарска контрола во патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило бмв, со скопски регистарски ознаки, со брзина од 197 километри на час на место каде брзината на движење е ограничена на 80 километри на час, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.

Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против С.Р. ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување моторно возило“,најавија од СВР Велес.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ