Според пријавата, на 3 март 2025 година, осомничениот лажно се претставил како прекупец на злато и го измамил оштетениот за сума од 200 евра и 12.000 денари. Е.Б. побарал од оштетениот да му ги даде парите под изговор дека ќе ги покаже на лице од Република Турција, кое наводно продавало злато, со цел странското лице да се запознае со изгледот на македонскиот денар.
По добивањето на парите, пријавениот не се вратил, по што оштетениот сфатил дека е измамен и случајот го пријавил во полиција.
По преземените мерки и активности, случајот е целосно документиран и против Е.Б. е поднесена соодветна кривична пријава.