Како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, на 1 август полицијата одзела два автомобили БМВ и едно ауди, додека неколку часа подоцна, односно следниот ден одземено е и возило ламборџини поради предизвикување голема бучава.
„На 1 авуст во 21 часот, на улицата 15 корпус во Струга, сопрено е патничко возило БМВ со швајцарски национални ознаки, управувано од К.Ш. (22) од Струга, со престој во Швајцарија, по што е одземено поради сомнеж за техничка неисправност, која се однесува на предизвикување голема бучава, како и автомобил ауди со струмички регистарски ознаки, управуван од М.Р.(26) македонски државјанин со престој во Холандија“, изјави Димоски.
Истиот ден, додаде, заради бучавост сопрен е и автомобил БМВ со струшки регистарски таблици, управуван од Б.А.(45) од струшкото село Радолишта, кај кого дополнително е констатирано дека возилото имало непродолжена важност на сообраќајните документи.
Неколку часа подоцна, односно во 30 минути по полноќ на 2 август поради предизвикување голема бучава запрено е и ламборџини со германски национални ознаки.
„На улицата ‘Партизанска’, 30 минути по полноќ на 2 август, по основ сомнеж за техничка неисправност, која се однесува на предизвикување голема бучава, запрено е возило ламборџини со германски национални ознаки, управувано од А.А.(21) од Струга, на привремена работа во Германија по што е одземено“, информира Димоски.






