Според полициските информации, на 14 октомври 2025 година, првопријавениот им дал по 1.000 денари на четири лица за да гласаат за него како кандидат за градоначалник на општина Крушево. Второпријавениот, пак, на едно женско лице му дал 5.000 денари со иста цел – обезбедување поддршка на изборите.
Случајот е пријавен и документиран од полицијата, а против осомничените е поведена соодветна постапка. Надлежните институции најавуваат продолжување на истрагата со цел целосно расчистување на случајот.






